БИЛ ГРИЖЛИВ СИН: Доктор ги убил родителите во викендичка во Нови Сад
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2020
Зоран Коматовиќ од Нови Сад кој има 48 години, утринава во викендичка во српската населба Дока со ловечка пушка ги убил своите родители Љубодраг кој имал 77 години и Гордана која била 66 години.
Зошто ценетиот доктор подигнал рака на родителите ќе утврди истрагата, а според неофицијалните информации на Блиц, тој го признал делото. Мотивот на ова тешко убиство сепак е непознат - убиецот бил непресметлив и несвесен во моментот кога разговарал со полицијата.
Според информациите Зоран се скарал со родителите околу продажбата на викендицата - во бес ја земал пушката и пукнал.
Телата ги оставил во викендицата а тој излегол и ја сокрил пушката. Мртвите ги пронашол сосед кој веднаш повикал полиција.
Инаку Зоран бил син за пример до тогаш и мајката и таткото цело време позитивно зборувале за него.