Бил Гејтс ќе потроши неколку милијарди за вакцината за коронавирусот
Објавено во: Свет 05 Април, 2020
Фондацијата на Бил Гејтс ќе потроши милијарди долари за фабрики кои ќе произведуваат вакцини против коронавирусот.
Нашети финансирање може да ги забрза работите. Фондацијата има длабока експертиза за заразни болести, размислувавме за епидемијата и сега веќе финасираме неколку работи, пред се вакцината, истакна Бил Гејтс во емисијата „Дејли шоу„
Основачот на Мајкрософт истакнува дека одделите за тестирање на вакцината се клучни за брзиот развој на вакцината, па според него тоа ќе трае година и пол.
-Вреди да се изгубат неколку милијарди долари заради сериозната ситуација со пандемијата, ние сме спремни и ќе потрошиме неколку милијарди долари, истакна Гејтс.
Смета дека најмалку иште 2 и пол месеца ќе бидат потребни мерките на изолација во САД, заради што ја повика Администрацијата на Трамп да наметне ригорозни мерки на карантин