20 Април, 2024
0.0259

Биди астронаут на еден ден и направи селфи од вселената

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

КомпанијатаSamsung Electronics најави смела, несекојдневна мисија – лансирање на Galaxy S10 5G паметниот телефон во стратосферата на околу 20.000 метри над површината на планетата Земја, овозможувајќи им на корисниците да имаат сопствена фотографија од вселената.

Глумицата, моделот и филантроп Кара Делавињ, како официјално лице на „SpaceSelfie“ мисијата, предводена од Samsung и воздухопловната компанија – Flightline Films, ја најави оваа несекојдневна кампања на својот Instagram профил. Неочекуваниот гостин – Samsung астронаутот на Кара ѝ донесе Galaxy S10 5G, со кој популарната глумица ќе го направи првото „вселенско“ селфи на светот.


- Отсекогаш сум била воодушевена од можноста за патување во вселената и со нетрпение чекам да ја водам оваа мисија и да станам првата личност која ќе го прати своето селфи надвор од планетата Земја. Веќе планирам на кој начин ќе ја направам оваа епохална фотографија и се радувам на фактот да видам како моите фанови ќе одговорат на овој предизвик, рече Делавињ.

За време на 50-те години од своето постоење, Samsung постојано претставува најсовремени технолошки иновации. Благодарение на новиот Galaxy S10 5G паметен телефон, кој ќе биде лансиран на самиот лимит на Земјината атмосфера, во хелиумски балон под силен притисок, компанијата повторно ги докажа своите способности да креира производи кои невозможното го прават можно.

- За да ги прославиме сите досегашни достигнувања во светот на технологијата, одлучивме сликањето на селфи да го подигнеме на поголемо ниво. До денес, само астронаутите биле во можност да се фотографираат во вселената, а сега таа можност ќе ја имаат и сите наши корисници, дури и физички ако не се таму, рече Бенџамин Браун, директор на маркетинг за Samsung Europe.


Samsung Galaxy S10 5G е исклучително издржлив телефон, способен да им се спротивстави на најсуровите услови и атмосферскиот притисок кој владее во вселената, без потреба за изолација и дополнителна заштита. Од опцијата за безжично споделување на енергија, па сѐ до паметната Wi-Fi поврзаност и перформансите надградени со вештачка интелигенција, S10 5G е еден од најпаметните и најиздржливи Samsung уреди.

Заинтересираните корисници ќе можат да учествуваат во „SpaceSelfie“ мисијата поставувајќи ја својата фотографија на веб страната: https://samsung-spaceselfie.com/mk/mk/. Фотографиите кои ќе бидат случајно избрани ќе бидат прикажани на Galaxy S10 5G екранот и ќе бидат фотографирани со уникатниот поглед на планетата Земја во позадина. Фотографијата потоа ќе биде вратена назад на Земјата и подготвена за споделување на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга