28 Март, 2024
0.0877

Бежовска: Ќе се намали растот на кредитите и на депозитите, позначајно ќе ја ревидираме стапката на економски раст

Објавено во: Финансии 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше цел на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме. Претходно направивме детални анализи, за да се дојде до решение со коешто истовремено ќе се помогне на населението и на компаниите и ќе се одржи финансиската стабилност. Очекуваме банките активно да ги имплементираат можностите од регулаторните измени. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во вчерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Таа посочи дека Народната банка ги следи и ги анализира понудите за промена на договорните услови за кредитите, коишто се објавуваат деновиве.

Во емисијата, Ангеловска-Бежоска се осврна и на кредитниот раст, којшто во првите два месеци од оваа година е солиден и изнесува околу 7 отсто, при што продолжува трендот на поголема фокусираност кон домаќинствата со стапка на раст од околу 11 отсто. Истовремено, продолжи и депозитниот раст којшто во просек изнесува околу 8 проценти. „Оттука, движењата досега се солидни, меѓутоа, предизвикот е пред нас. Сите се соочуваме со голем шок којшто е од неекономска природа, но може да има големи ефекти врз економијата. Имајќи го предвид тоа, реално е да се очекува забавување на кредитната, а следствено и на депозитната активност во претстојниот период од оваа година“, истакна гувернерката.

Народната банка веќе активно работи на новиот циклус макроекономски проекции. Ангеловска-Бежоска кажа дека имајќи ги предвид последните расположливи податоци, но и условите и неизвесноста коишто ги наметнува глобалната корона-криза ќе се направи позначајна ревизија на претходните очекувања за економските состојби во оваа година, вклучително и на проекцијата за економски раст. Како што посочи таа, според меѓународните финансиски институции, веќе се очекува позначајно забавување и на економската активност во глобални рамки, вклучително и во Европската Унија, а со тоа и во германската економија каде што е сконцентриран голем дел од нашиот извоз.

Гувернерката истакна дека и најновите податоци за надворешниот долг упатуваат на констатацијата дека сме во зоната на умерено задолжени земји. „Само еден од стандардните меѓународни показатели упатува на надминување на умереното ниво на задолженост, додека сите други показатели покажуваат дека надворешниот долг е во безбедната зона на ниско до умерено ниво на задолженост. Вкупниот надворешен долг, заклучно со крајот на 2019 година изнесува 72,2 отсто од БДП, што е пониско ниво во споредба со просекот од последните две-три години кога тој гравитираше околу 74 отсто од БДП“, кажа таа. 

Во емисијата, Ангеловска-Бежоска испрати и порака: „Сите би сакале амбиентот да е поинаков за да се занимаваме со структурни прашања и реформи, да работиме на унапредување на доходот на населението... Но за жал, корона-кризата наметнува низа предизвици. Нема бегање од реалноста и ние како централна банка сме подготвени соодветно да одговориме на предизвиците.“

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка