Без вода денес корисници на овие скопски улици
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020
Поради уличен дефект ф-150мм на бул. Јане Сандански 59, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно од број 59 до број 70.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување со активностите.
Поради уличен дефект ф-250мм на ул.Лазо Трповски 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од Методија Митевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со активностите.