19 Април, 2024
0.0274

БЕСИМИ: Во наредниот период ќе работиме на даночен модел со кој ќе постигнеме правичност и рамноправност

Објавено во: Финансии 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки. Даночната реформа се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања. Целта на оваа даночна реформа и претставениот Концепт е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Дневникот на ТВ Сител,

„Пристапот во оваа реформа е да нема нови даноци и зголемување на даночните стапки, туку проширување на даночната база. РС Македонија има широка листа на производи, во која се вклучени над 3.000 тарифни броеви. Сега таа листа ќе се ревидира и се прави согласно новата тарифна ознака што се користи во ЕУ. На таа листа со повластена стапка остануваат сите основни производи и домашни производи што се користат кај нас, но ќе се ревидираат луксузните производи кои се на таа листа“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека реформата се заснова на инклузивност и дека овој Концепт што ќе има етапна примена и стартува од 1 јануари 2023 година ги содржи препораките од дебатите што ги организираше Министерството за финансии со експертската јавност, невладиниот сектор, политичките партии, бизнис заедницата и други заинтересирани страни, а поддршка за целиот процес има и од меѓународните институции.

„Во дебатата добивме повеќе аргументи во однос на воведувањето на прогресивното оданочување, кое законски требаше да стапи на сила на 1 јануари 2023 година. Дебатата отвори повеќе прашања и за да се постигне правичност и рамноправност, ќе се избере друг модел на кој ќе се работи во наредниот период“, посочи министерот.

Тој додаде дека се прифати и барањето на бизнис заедницата за реинвестираната добивка, имајќи ја предивид актуелната состојба и влијанието на енергетската криза.

„Се прифати барањето на бизнис заедницата со аргумент дека е време на енергетска криза и инфлација и претходно кризата од пандемијата. Тој аргумент во оваа фаза беше прифатлив. Останува во наредниот период да се работи на модел таа реинвестирана добивка да се насочи кон поддршка на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, дигитализација, зајакнување на човечкиот капитал, односно да се мотивираат инвестициите онаму каде има поодржливи решенија. Тоа е стратешки интерес“, истакна Бесими и додаде дека и во однос на хонорарците решението се дефинираше преку дебатата и дека Владата беше подготвена да го имплементира тоа што произлезе од тој процес.

Во интервјуто се осврна и во однос на енергетската криза и мерки што се преземаат, нивото на јавниот долг, како и реализацијата на капиталите инвестиции.

Фактор објави анализа по првичните реакции на експертите и бизнисот од владината одлука да го укине прогресивниот данок, а да направи даночна реформа со која ќе се прошири даночната основа и ќе се зголеми даночната ефикасност. 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин