Бесими: До крајот на март првичниот драфт за Царинскиот тарифник

Објавено во: Економија 02 Март, 2021
До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што барааа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора на Македонија.
„На 17 ноември на владина седница се формира работна група која е во постојана комуникација и со членки на коморите. Според динамиката, би требало до крај на март или евентуално една до две недели подоцна да има првичен драфт. Одиме со усогласување на номенклатурата, но и со тоа што беше барање на одредени инвеститори во однос на усогласување на царинските стапки. Имаме некои царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ. Ќе гледаме, во смисла на зголемување на конкурентноста, да ги усогласиме“, рече Бесими.
За драфтот за даночниот каледнар потсети дека е веќе споделен со стопанските комори.
„Ако се усогласи, веќе наредната недела може да го има објавено на веб страницата“, истакна министерот.
Можеби ќе ве интересира
Што газдата на струмички „Грозд“ ќе си продаде сам на себе за пола милион евра?

Ќе извади ли некој кеш за акциите во Реплек: Што ќе си купи со тие 3,9 милиони евра?

Државата ќе дели дополнителни 8,5 милиони евра годишно за дневници за јавниот сектор што работи во недела

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници
