Бектеши: Србија набавува вакцини од Русија, но ние се стремиме кон ЕУ
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021
Србија набавува вакцини од Русија, но ние како држава се стремиме кон ЕУ, рече Крешник Бектеши, министерот за економија, синоќа во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашањето зошто Македонија заостанува и досега не се пристигнати потребните дози за имунизација против Ковид-19.
Рече дека се обезбедени средства за вакцините што треба да се испорачуваат за Северна Македонија и додаде дека Министерството за здравство секојдневно има контакти со компании кои произведуваат вакцини.
Според Бектеши, Mакедонија е една од земјите кои најдобро се справиле со пандемијата на економски план.
„Почнувајќи од зголемување на минималната плата преку мерките на Владата, кои освен субвенционирање на плати, издаваше и ваучери на граѓаните – ваучери за туризам и ваучери за користење на домашни продукти, прехрамбени и други“, подвлече Бектеши.