Белорусија распоредува војници близу границата со Украина
Објавено во: Свет 23 Мај, 2022
Украина предупредува на зголемени воени активности на Белорусија во близина на границата.
„Вооружените сили на Република Белорусија го интензивираат извидувањето, се распоредуваат дополнителни единици во пограничните области на регионот Хомел“, се вели во извештајот на украинскиот Генералштаб.
Белоруското Министерство за одбрана објави дека започнало, како што наведува „уште една фаза на проверки“ на воената опрема со цел да се утврди нивната мобилност и капацитет. Белорусија официјално не учествува во војната што Москва ја започна против Украина на 24 февруари, но им дозволи на руските сили да ја користат нивната територија за напади врз украинска територија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко повика светот да не дозволи нова светска војна.„Украински диверзантско-извиднички групи зачестено навлегуваат на белоруска територија“, предупреди во неделата државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија, Александр Волфович.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, руските сили од белоруска територија изведоа напад.
foto freepik.com