26 Април, 2024
0.0580

БЕЛИЧАНЕЦ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОД 1.000 ЕВРА - КХВ го товари за тргување со инсајдерски информации за „Тетекс“

Објавено во: Економија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Професорот Тито Беличанец сепак ќе плати казна од 1.000 евра, откако за него Комисијата за хартии од вредност одлучи да поведе прекршочна постапка, бидејќи, според регулаторот, тој го прекршил Законот за хртии од вредност. Односно, пред да ги продаде своите акции во компанијата „Тетекс“, имал инсајдерски информации дека таа ќе прекине со производство на тешка конфекција. 

Вака одлучи Комисијата за хартии од вредност на својата последа седница, а казната е одредена согласно законските прописи.

Ова прашање беше актуелно пред точно еден месец, откако тетовски „Тетекс“ реши да го затвори својот погон за тешка конфекција, а десетна дена претходно, Беличанец, кој беше член на Надзорниот одбор и секако знаел дека погонот ќе престане да работи, ги продаде своите акции преку Берзата.

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 58-мата седница со која претседаваше Претседателот Нора Алити, врз основа на член 244 став 4 од Законот за хартии од вредност, одлучи да поведе прекршочна постапка, односно да издаде прекршочен платен налог на лицето Тито Беличанец, за сторено прекршување на член 173 став 1 од Законот за хартии од вредност. Попрецизно, лицето Тито Беличанец пред продажбата на акциите имал внатрешна информација дека ‚Тетекс' АД Тетово ќе престане со производство на тешка конфекција. Со ваквото постапување, односно со продажбата на акциите пред да биде објавена ценовно чувствителна информација која лицето Тито Беличанец како член на Одбор на директори ја знаел, од негова страна е извршено прекршување на Законот за хартии од вредност“, се вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност. 

А професорот Беличанец, кој беше член на Надзорниот одбор на „Тетекс“, тогаш за Фактор изјави дека нема ништо незаконски во фактот што тој продал дел од своите акции во компанијата пред десетина дена, и покрај тоа што знаел дека ќе се затвори погонот за тешка конфекција, бидејќи, како што рече, акционерското друштво со затворањето на овој погон дошло во подобра, а не во полоша состојба отколку претходно.

„Тука нема ништо незаконски. Тоа е од причина што компанијата, со затворањето на погонот за тешка конфекција, нема да биде во понеповолна состојба отколку што била претходно. Напротив, компанијата со затворањето на погонот ќе премине во поповолна состојба. Ова од причина што таа ќе ги исплати отпремнините на вработените како еднократен трошок, но понатаму тој погон веќе нема да создава загуби на компанијата, кои досега беа покривани од другите профитабилни дејности“, рече Беличанец.

Според него, таа трансакција би била спорна само доколку компанијата, со затворањето на погонот, би отишла во понеповолна позиција, што сега не е случај. 

Тој за Фактор рече и дека веќе нема да биде член на Надзорниот одбор на компанијата.

Инаку, како што објаснува Беличанец, идејата за затворање на погонот за тешка конфекција постоела најмалку три години.

„Првин се затвори трикотажата, па ткајачницата, и на крајот остана конфекцијата. Волницата одамна не се користи, неа не ја користи веќе ниту Армијата, ниту никој не ја бара. Затоа, оваа идеја за затворање зрееше одамна, бидејќи одржувањето на погонот нема економска логика. И бројот на вработените постепено се намалуваше преку пензионирање“, вели Беличанец. 

На прашањето на Фактор зошто ги продал акциите, Беличанец тогаш објасни дека тоа го направил од проста причина што му биле потребни средства.

„Едноставно ми требаа пари. Затоа, кога акциите се продаваа по цена од 2.600 денари за акција, јас ги продадов по цеа од 2.250 денари, преку блок трансакција, бидејќи сакав одеднаш да ги добијам средствата, а не да ги продавам акциите парче по парче. Тоа едноставно беше чиста коинциденција“, вели Беличанец. 

Комисијата за хартии од вредност тогаш соопшти дека дополнително ќе го соопшти својот став околу овој случај. 

Инаку Фактор веќе објави дека Тито Беличанец, кој е универзитетски професор, и долгогодишен член на органите на управување на „Тетекс“, ги продаде своите 4.000 акции за сума од 146 илјади евра. 

Беличанец сега за Фактор вели дека со продажбата на акциите, тој практично нема да ја земе дивидендата што тие ќе ја донесат.

Генералниот директор Глигорие Гоговски во разговор за Фактор рече дека компанијата ќе продолжи со работа. 

Тој наглси дека работењето на компанијата „Тетекс“, акционерско друштво со над 1.000 акционери, за целиот изминат период наназад било позитивно, и компанијата ниту еднаш не прикажала загуба во работењето, а така ќе остане и во иднина. 

Гоговски тогаш за Фактор рече дека веќе се разработуваат неколку идеи за тоа како да се обнови работењето на погонот за тешка конфекција. „Тоа сигурно нема да биде текстил. Разработуваме неколку идеи кои се однесуваат на фабриката, за нејзино реобновување, но сега не би сакал повеќе да откривам“, вели Гоговски. 

Според Гоговски, „Тетекс“ е сопственик на 49,7 отсто во ТТК банка, која е исклучително успешна банка. Компанијата поседува и друг имот, односно погони, кои се издаваат под наем и од нив се наплатуваат кирии. Во секој случај, компанијата и натаму ќе продолжи да работи позитивно и да исплатува дивиденди за своите акционери, тврдеше првиот човек на компанијата.

Вработените, уверуваше Гоговски, околу 150 кои мора да ги напуштат работните места, добија отпремнини и сите права што им следуваат согласно законите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија