16 Април, 2024
0.0242

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Крешник Бектеши, министер за економија, на денешната пресконференција изјави дека нема да има големи ценовни шокови со цента на струјата, ниту по први јануари.

Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден согласно законот и работата на РКЕ. Секои шест месеци ние ја утврдуваме цента на струјата преку ЕСМ, која таа ја продава до ЕВН. Има времe до први јануари и ќе интервенираме секаде каде ќе има потреба. Не верувам дека ќе се доведеме во ситуација за да ја зголемиме цената на струјата од први јануари“, кажа Бектеши.

Претходно Бектеши нагласи дека Владата детално разговарала со сите чинители во енергетскиот сектор во државата и согласно сите анализи и информации кои биле изнесени од страна на енергетските компании и другите институции, не е прогласена кризна состојба во нашата држава.

Ова го изјави министерот за економија по средбата со претставници од Владата и енергетскиот сектор.

„Сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија, имајќи предвид дека веќе се утврдени цените, а Владата токму за ова веќе презеде и предвремени мерки, како што беше намалувањето на ДДВ-то. За жал, не помина Законот кој беше предложен од страна на Министерството за животна средина во делот на еколошката такса, за да може што повеќе средства да може да се користат во овие енергетски компании“, рече Бектеши.

Според Бектеши, во Владата се подготвуваат различни мерки, детално за во одредени моменти ако има потреба да се делува да бидат подготвени.

„Но, во моментов сметаме дека нема потреба од мерки, согласно информациите што ги имаме. Тие информации говорат дека до крајот на годината ја имаме потребната количина на електрична енергија што можеме да ја испорачаме за домаќинствата и за малите потрошувачи. Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни. Подготвени сме како Влада да им помогнеме на ЕСМ и МЕПСО во случај ако има потреба да купуваат електрична енергија од слободниот пазар“, рече Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат