29 Март, 2024
0.0256

БЕКТЕШИ : Има економска оправданост за повисока акциза за два или три денари, но со механизам таа автоматски да се спушти ако цените растат

Објавено во: Финансии 17 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за економја Крешник Бектеши вели дека има економска оправданост да се зголеми акцизата на горивата за два или три денари, но во тоа да се вгради и механизам за нејзино автоматско намалување кога цените на нафтата на светските берзи ќе се зголемат.

„Како министер надлежен за енергетика ја гледав анализата на Министерството за финансии, како и трендовите во соседството. Во моментов има економска оправданост да има зголемување на акцизата, но има и механизам, со тоа што во моментот кога ќе се покачат цените, автоматски да се намали акцизата“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

За информација на граѓаните, вели тој, денеска утрово ја добил и анализата во споредба со регионот. Во Албанија на пример, цената на горивата е 37 денари повисока од кај нас, во Косово се повисоки за 28 денари, во Србија се повисоки за 33 денари од кај нас. И затоа, ние треба да им излеземе во пресрет и на МФ, но да не се грижиме само за расходите, туку и за приходите во буџетот, смета министерот за економија.

„Значи, економска оправданост има, и ако на Влада на предлог на Министерството за финансии се носи одлука за зголемување на цената на акцизата, било за два, било за три денари, ние како Министерство за економија ќе ја поддржиме таа одлука, со механизам дека кога цените на нафтата на пазарите ќе почнат да се зголемуваат, акцизата автоматски да се намали“, изјави Бектеши на денешната пресконференција. 

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап