Беким Бајрамовски-првиот медиумски работник кој почина од Ковид-19
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020
44-годишниот Беким Бајрамоски е првиот медиумски работник кој почина во земјава. Тој е меѓу седумината кои починаа вчера. Бајрамовски беше вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа.
Според директорот на Центарот за јавно здравје во Охрид, д-р. Сашо Точков, Бајрамовски со вирусот се заразил од средината и како што вели, станува збор за контакти меѓу луѓе кои се семејно поврзани.
Инаку, вкупниот број на починати само во Лабуништа достигна 16, а во струшкиот регион се 20 починати пациенти заразени со Ковид-19.