БЕГСТВО ОД БРИТАНИЈА: Брегзит ги пресели компаниите во оваа земја
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020
Се поголем број компании од Британија отвораат претставништва или го селат бизнисот во земјата на лалињата.
Холандија е нивна моментна дестинација поради неизвесноста поврзана од последиците на Брегзит кои неминовно влијаеја на многубројни компании.
Официјалните податоци на Холандската агенција за странски инвестиции покажуваат дека од 2016 година, кога падна одлуката Британија да излезе од Европската унија, дури 140 фирми отвориле претставништва во Холандија.
Се работи за британски фирми, но и американски и азиски компании, кои ја разгледуваат опцијата за дејствување после брегзитот.
И додека некои фирми чекаат исход од економските односи на Британија и ЕУ, се повеќе компании се одлучуваат за безбедност и стабилност каква што во овој момент не можат да добијат во Британија.
На деловната несигурност влијаело и отсуството на одговори за прашања поврзани со идните трговски односи на Британија со ЕУ а до крајот на годинава треба да се постигне договор меѓу Лондон и Брисел.