23 Април, 2024
0.0361

БЕГ: Ќе и ги вратиме парите на Адора

Објавено во: Економија 30 Септември, 2022

Добивај вести на Viber


Балкан Енерџи Груп се јави со реакција во јавноста откако Ванчо Чифлиганец, сопственикот на Адор Инжинеринг, денеска во своето телевизиско гостување рече дека кај топланите Исток и Запад  недостигаат 1,6 милиони евра наплатени од граѓаните.

„Неточна е изјавата на г-дин Чифлиганец дека БЕГ наплатил 1,6 милиони евра кои никаде ги нема. БЕГ од граѓаните наплаќаше согласно одлуки на РКЕ. Сите собрани пари од граѓаните БЕГ ги насочи да ги покрие трошоците за набавка на природен гас и електрична енергија. За жал овие трошоци беа многу повисоки од предвидените во тарифата  за претходната грејна сезона и компанијата оствари големи загуби во првиот квартал и остана должна како на Адора така и на други доверители. Согласно правилата на РКЕ, компанијата има право да ги побарува остварените загуби од идните тарифи одобрени од РКЕ, по што ќе бидат подмирени обврските кон Адора и останатите доверители“, уверува БЕГ.

Од компанијата која ги загуби лиценците за снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија за парно загревање велат и дека редовно го плаќале месечниот закуп кој како договор го имале со топланите, но за Чифлиганец како нов газда сумата била мала.

„Неточна е изјавата дека БЕГ бесправно стопанисувал со топланите бидејќи БЕГ ги користеше согласно Договор за закуп со Топлификација, а согласно Закон за облигациони односи договорот го наследува новиот сопственик на топланите. Во моментот кога Адора ги купи топланите знаеше дека истите се под долгорочен закуп на БЕГ за вршење на јавната дејност, што беше наведено и во огласот за продажба.

Согласно истиот Договор за закуп БЕГ редовно исплаќаше месечна закупнина во висина од 2,6 милиони денари, колку што одобрува РКЕ, меѓутоа Адора ја враќаше бидејќи ценеше дека е недоволно“, тврдат од БЕГ.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска