28 Март, 2024
0.0265

Бараат прибежиште во Македонија додека да се смири албанското тло

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Западна Македонија, викендов можеа да се забележат голем број автомобили со албански регистарски ознаки, затоа што граѓаните од соседна Албанија бараат прибежиште во нашата земја додека да се смири тлото.

Охрид и Струга се градовите каде дел од албанските граѓани се сместени, во очекување дека наскоро земјотресите ќе запрат, на терен ситуацијата ќе биде санирана и ќе можат да се вратат дома. Минатата недела Албанија беше погодена од многу потреси, при што се направени големи штети, но имаше и човечки жртви во Драч и Туман.  

„Имам вујко и тетки во Драч, и раскажуваат дека е страшно. Моја братучетка со две мали девојчиња седи надвор, затоа што им е страв да влезат внатре. Ги фати и дожд, па мораа со чадори да стојат на отворено. Препоставувам дека многу граѓани се упатиле во Македонија кај роднини, пријатели, додека да  помине кризата. Инаку, моите родители не се во Албанија, туку се во Италија на работа, на безбедно се“, вели 28 годишната Ангела, девојка од Албанија која се омажила и живее во Куманово.

Крсте Блажески од ХОТАМ објаснува дека по силниот и разорен земјотрес имаше поголем прилив на гости од Албанија во Охрид и Струга, но сега се разидуваат и се враќаат назад во своите домови.

„Првиот бран беше поголем, не дека тоа била некоја огромна бројка, но во секој хотел имаше по 5, 10, 15 семејства, зборувам за Охрид и Струга. Сега мал дел се останати во земјава. Договоривме цените да бидат најмининални за нив, да им се излезе во пресрет, но тоа не смее да биде и многу евтино затоа што има и хотели кои не работат во позитива“, рече Блажески.

Во хотелите кои се лоцирани во Дебар и Гостивар, велат дека во екот на земјотресите немале гости од Албанија кои дошле со цел да ја избегнат непогодата, но не ја исклучуваат можноста дел од албанските граѓани да заминале во домаќинства кај роднини.

Албанскиот сеизмолог Рапо Ормени изјавил дека се забележани 1.300 послаби земјотреси на подрачјето на Драч и другите делови од земјата и дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија после главниот земјотрес. Но, дополнителните потреси не довеле до нови штети.

Сања Атанасовска

фото АП / ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија