06 Јули, 2020
0.0780

Бараат овчар во странство за плата од 25.000 евра

Објавено во: Агробизнис 03 Јули, 2019

Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара овчари.

Тие ќе бидат задолжени и да го пазат ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за цел остров. Бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправи.

Работата бара 35 работни часа неделно, за што работодавецот плаќа 24,473 евра.

Идниот вработен ќе мора да остане три години во работен однос за ѕидот во потполност да биде поправен, а бројот на овци да се зголеми.