Бара работа за неговата сестра да не си оди од земјава - таа е магистер, но на 37 години е невработена
Објавено во: Стил 12 Февруари, 2021
Потресна приказна за брат кој моли за вработување на сопствената сестра со цел таа да остане дома, во државата.
Таков Фејсбук статус објави Марјан Петровски во јавноста познат како ДЈ-Мац.
Тој пишува дека неговата сестра која е магистер по меѓународно право и дипломатија со перфекно втор научен турски јазик на 37 години е невработена.