БАНСКО УРИВА РЕКОРДИ: Голема посетеност за време на изминативе празници
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2018
Околу 20 000 туристи го посетија Банско за време на Божиќните и Новогодишните празници. Ова го изјавил Георги Икономов, градоначалник на Општина Банско, пишуваат бугарските медиуми.
„Протокот на туристи за време на Божиќните и Новогодишните празници беше огромен. Сите хотелиери и ресторани велат дека толку многу луѓе немало досега во Банско. Иако во Банско нема снег, зимата е без снег, има доволно снег на планината и патеките се обработену“, рекол тој.
„Квалитетот на снежната покривка е многу добар, па во текот на празниците се беше одлично. Најмногу би определил ситуацијата како многу мирна, без никакви инциденти. Се надевам дека сè било успешно за хотелиерите и пријатно за туристите“, додал уште Икономов .
Тој додаде дека се уште е рано да се каже дали има нови странски туристи кои го избрале Банско оваа година.
И многу наши граѓани, па можеби и вие што го читате ова заминаа за празниците во соседна Бугарија, а некои допрва ќе го искористат зимскиот одмор таму.