20 Април, 2024
0.0253

Банките предвремено ќе ја исплатат и јунската пензија

Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од утре – петок, 26 јуни 2020 година

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на јунските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во утре – петок, 26  јуни 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија. 

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

-во петок, 26 јуни – пензии во висина до 11.000 денари;

-во понеделник, 29 јуни  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

-во вторник, 30 јуни  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

-во среда, 1 јули –  пензии во висина над 18.000 денари.

Ги молиме клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите.

Сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето. Потсетуваме дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга