26 Април, 2024
0.1516

Банката – партнер во реализација на вашите потреби и идеи

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Финансиските институции будно следејќи ги потребите на пазарот и на клиентите секогаш се стремат кон тоа да создадат производи кои ќе одговараат на сите профили на потрошувачи, вклучувајќи ги и нивните најспецифични желби и барања.

Кредитите кои ги нудат банките се најбрзото решение потрошувачите во секој момент да ја почувствуваат потребната финансиска слобода. Главната карактеристика на финансиските пазари насекаде во светот е динамичноста која е главниот виновник за создавањето на нови банкарски трендови.

Еден од најактулените светски трендови кои моментално се развива се т.н медицински кредити. Банките, сметајќи дека  грижата за здравјето може да биде скапа, го креираат овој тип на кредит кој претставува алатка со која сите ќе може да си го овозможат најдоброто за себе и своите блиски.

Стопанска банка а.д. Битола е првата Банка во Република Македонија која следејќи го трендот на развивање на медицински кредити го креираше Медиплус производот кој нуди финансиско покритие со 0% каматна стапка на медицинските услуги во Клиничката болница Аџибадем Систина.

„Квалитетните услуги што ги нуди приватното здравство, со овој производ, стануваат достапни за сите граѓани во земјава. Банката, следејќи ги модерните трендови на финансиските пазари, создаде флексибилен производ којшто овозможува да се искористат сите здравствени услуги во Аџибадем Систина, како што се дијагностички прегледи, естетско разубавување, оперативни зафати, породување, како и други видови на медицински услуги. ’, вели Весна Дацева, директор на Секторот за работа со физички лица во Стопанска банка а.д. Битола.

Кредитот за породување, како дел од Медиплус кампањата е моментално еден од најактуелните продукти на Банката. Овој безкаматен производ може да обезбеди средства во вредност до 4.000 евра и е достапен за сите граѓани кои се во редовен работен однос. Бидејќи каматата изнесува 0%, единствениот трошок кој ќе го имаат клиентите е трошокот за аплицирање – 200 денари како и провизијата за одобрен кредит која изнесува 0,5% од подигнатиот износ. Кредитот за породување е достапен со идентични услови и за оние кои својата плата не ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола. Едноставно, после аплицирањето средствата се префрлаат на трансакциска сметка на корисникот од каде директно се префрлаат на сметка на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ согласно про-фактурата на услугата.

Кредитот за породување на Стопанска банка а.д Битола овозможува и флексибилни рокови за враќање на подигнатиот износ. Имено, до 1.000 евра, граѓаните може да ги вратат на 12 месечни рати. Доколку земат кредит меѓу 1.000 и 2.000 евра, тогаш рокот на враќање изнесува 24 месеци. Три години ќе бидат овозможени за враќање кредит до 3.000 евра, односно четири години на износот до 4.000 евра во денарска противвредност.

Динамичноста на финансиските пазари се темели на желбите и барањата на потрошувачите и нивната константа промена. Производите кои ги креираат банките се само одговор на потребите на клиентите. Со овој производ, Стопанска банка а.д. Битола се обидува да ги исполни и најспецифичните желби на клиентите и сметајќи дека тие го заслужуваат само најдоброто им нуди достапно решение да го добијат истото.

Во периодите кога посакувате и очекувате да Ви се случи нешто убаво, Банката е Вашиот партнер во исполнување на желбите и потребите“, додава Дацева.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет