09 Март, 2021
0.0214

БАНКАРОТ, ЛЕКАРОТ И НОВИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ФИНАНСИСТИTE

Објавено во: Колумни 22 Декември, 2020

Сигурен сум, во повеќето наврати сте се запрашале: Што е најголемото богатство на една земја? Прво што ни доаѓа на памет се парите. Јас сум на мисла дека поединците, сите ние (граѓаните) сме најголемото богатство на македонската земја. Имено, во повеќето анализи и истражувања се вели дека најголемото богатство на секоја земја е креативноста на нејзините поединци. Ако е тоа така, тогашсо сигурност би подвлекол дека најголемата креативност се јавува во добро организирано опкружување.Практично, лошата организација води до конфузија и залудно потрошено време, а конфузен човек не е креативен. Оттука, како припадник во општеството со особености на позитивистички сваќања за состојбите, сакам оваа колумна да ја наменам, покрај другите, првенствено на критичарите на македонските банки, а особено на сегашните и идните претприемачи (иноватори). За таа цел ќе се обидам во кратки црти со факти и бројки да направам една анализа на состојбите и резултатите на индустријата наречена „банакрство“ особено во оваа тешка т.н. „корона година“, со цел да ги охрабрам и мотовирам сегашните и идните млади претприемачи, како и граѓаните воопшто.

„Банкарската индустрија“ како што милувам често да ја нарекувам, колку и да не се согласувате со мене, сепак е наш голем пријател и како индивидуи и како бизниси. Јас, силно верувам дека банкарскиот висок менаџер не е арогантен и „високоплатен“ суетен човек, туку напротив, тој е на исто стојалиште со лекарот – ја има алатката да „помага“. Овој првиот (читај: банкарот) го спасува индиректно човекот, додека вториот (читај: лекарот) има директно влијание врз организмот. Исто така, сум силно убеден дека со доближување на банкарската фела до младиот претприемач со формирање на т.н. „претприемачко банкарство“, првенствено преку специјализиран тренинг и специјалистички семинари, согласно европските стандарди за банкарски тренинг ќе се придвижуваме чекор напред кон креирање на успех во стопанството. Практично, во изминтаите години ние во оваа насока делуваме (со колегите од АБИТ), но чинам дека треба повеќе... Потребна е уште поголема кооптација помеѓу финансискиот сектор и претприемачите со засилен трансфер на знаења преку алатката - стручно образование. Сега, време е новите компетенции за банкари и финансисти, кои неуморно сите заедно (повеќе од 80-тина колеги во академијата) ги создаваме со силна поддршка на Европејците, и тоа ни помалку ни повеќе, туку точно седум години, да бидат препознаени и поддржани од страна на државата. Со тоа, таа ќе стави акцент на новото време за образованието, а притоа ќе ги маргинализира едукативните единки кои креираат неквалитет. Таквата поддршка на новите компетенции за финансисити е потребна за цели во неформалното, а најповеќе за цели на реформите во форманото образование. Во таа насока, ако и е потребно помош на државата тука се колегите од државниот педагошки универзитет од Хајделебрг (Германија) и колегите од Француската банкарска асоцијација / Француската висока школа за банкари да извршат трансфер на искуствата за нивните модели на функционирње.

Понатаму, би додал и подвлекол дека не само банките, туку сите чинители на финансискиот систем, како и државата највеќе (како што пишував во претходните писанија за „ФАКТОР“, насловени како: „Претприемничко банкарство – состојби и перспективи“)треба да се вклучат во новиот систем кој ќе врши трансфер на знаења преку алатката - стручно образование. Само така, преку специјализирано стручно образование (и тренинг) согласно европските стандарди сите заедно ќе допреме многу посилно до проблемите на претприменштвото (особено до стартапите), а со самото тоа до поголематакреативност и добро организирано опкружување.

Банката денес

Денес, во услови на совршена конкуренција, дејноста на банката не се врзува исклучиво за парите, туку за нејзината целокупна актива и тоа особено онаа актива што е најважна за нејзината успешност и профитабилност во работата. Имено, најважната активност на банката не се парите во трезорот, туку довербата на клиентите кон неа. Таа доверба е резултат на долгогодишен труд и совесна работа на банкарските специјалисти. Но, за да се изгради таа доверба, на банката ѝ се потребни дополнителни сили, со кои таа ќе влијае врз клиентите, за тие подоцна да побараат и дополнителни услуги од неа. Тоа е можно само доколку банката ги препознава трошоците поврзани со човечките ресурси како инвестиција.

Сега, станува појасна врската помеѓу успешноста на банкарската индустрија и развојот на нејзините човечки ресурси кои понатаму ќе бидат активни помагатели на целиот финансиски систем. Но, не само таа врска, туку потребна за успех на финансискиот систем, многу повеќе е врската за тоа, како, од една страна претприемачите со нивните компетенции и вештини можат да направат успех со позајмените пари од банката, а од друга страна, спремноста на банката силно да ги антиципира ризиците од таквиот процес. Тоа е формулата за „долга љубов“ помеѓу банките и идните претприемачи. Поточно, таа врска е одржлива со високо ниво на меѓусебно разбирање и дијалог. Помагател во тој правец е секако дражавата со поддршка и промоција на новите стручни компетенции за финансистите, по примерот на субвенционираните ИТ програми за преквалификација и доквалификација, за која мерка сметам дека е добра и антикризна.

Состојбите на македонскиот банкарски систем во 2020 година и перспективите за новата деловна година

Најнапред, во оваа кризна година ако направиме една објективна анализа на македонската макроекономија со особен осврт на банкарскиот систем во неа, може да се забележи состојба во која преовладува реален оптимизам (ова е мој личен став) со присуство на голема претпазливост од страна на регулаторот во монетраниот систем. И не треба да си многу упатен, за да согледаш дека банките одлично си ја вршат работата иако е кризна година. За таа цел, подолу ќе дадам неколку корисни информации за нивниот перформанс во оваа година. Имено, треба да сме согласни дека стопанството ќе заздравува во наредната нова година, за да почне нормално да расте во 2022 година. Попрецизно кажано, на почетокот на второто полугодие од 2022 година, македонската економија ќе почувствува состојби на стабилност и реален раст на БДП, на она исто ниво на растот од пред кризата во 2019 година (според мене растот ќе биде нешто под 4%). Ова е така, само и само ако на крајот на првиот квартал од новата година се преовладуваат повеќе позитивни ризици во економијата. Но, останува да видиме во пракса...

Во текот на минатата недела, сосема случајно, читајќи извештаи и анализа направив една пралела на актуелната денешна ситуација на кризата со пандемијата, со онаа состојба на кризна ситуација во 2001 година во услови на воен конфликт во земјата. Тука, да бидам јасен дека немам намера да ја враќам таа горчлива тема назад. Се разбира, само ја споредувам состојбата од минатото во контекст на економските параметри, од кои може да се забележи сличност на тој квартал 2 во 2001-та и овој квартал 2 во 2020 година. Практично, и двата споредбени периоди се со двоцифрена негатива за домашната економија. Според тоа, би укажал на податкот кој вели дека во 30-те години назависна македонска макроеконмија (читај: држава) оваа двоцифрена ситуација на рецесивни движења се случува по втор пат (втор квартал на 2001 и 2020 година).

Како резултат на силната динамика на ширењето на пандемијата со Ковид-19, иако падот на македонската економија кој се забележа во вториот квартал од 2020 година, изнесуваше нешто помалку од -13%, тој немаше воопшто силно и изразено влијание врз работењето на банките. Ова е многу важен фактор кој бара дополнителна анализа.

Во насока на ова, логично е да се запрашаме: На што се должи тоа?

Одговорот на ова прашање, треба да го бараме во одговорите на следниве две потпрашања:  

Дали е тоа резултат на довербата на јавноста во банкарскиот систем?, или пак

Дали тоа е резултат на силни веќе претходно акумилирани состојби на капитални и ликвидносни позиции кај банките?

Оваа анализа ќе ја оставиме за новогодишната колумна на „ФАКТОР“.

ПРОДОЛЖУВА...

проф. д-р Синиша Наумоски,

директор на АБИТ и сертифициран професор за контролинг на германската високообразовна установа во Скопје - Хајделберг Институт

Можеби ќе ве интересира

Горбачов - Човекот со изгубени илузии

Горбачов - Човекот со изгубени илузии

Вирусот, банките и копнежот

Вирусот, банките и копнежот

Односите на Русија и Европската Унија во лер

Односите на Русија и Европската Унија во лер