26 Февруари, 2021
0.0352

БАНКАРИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА - и меѓународната рејтинг агенција потврди дека граѓаните во нас можат да имаат доверба

Објавено во: Финансии 07 Септември, 2020

Банкарите се пофалија - велат и независната меѓународна агенција Стандард и Пурс потврдила дека се стабилни.

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s  се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен. 

„Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем  од Македонската Банкарска Асоцијација, Народната банка и други релевантни институции во нашата земја, како резултат на сите политики и реформи направени во последните две и пол децении“, велат од МБА.

Стабилниот банкарски сектор е клучен за финансиската стабилност и е еден од носечките столбови на македонската економија на којшто со целосна доверба можe да се потпре секој граѓанин и секоја компанија. 

„Во таа насока, членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја продолжуваат традиционално добрата соработка со Народната банка и сите други релевантни институции, за зачувување и унапредување на стабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем, стабилниот курс на денарот, задоволување на потребите на  стопанството и населението за банкарски услуги и справување со предизвиците предизвикани од корона-кризата и во периодот кој следи“, се нагласува во соопштението.

Воедно, МБА ја поздравува одлуката на Европската централна банка за пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Ова големо постигнување за нашата земја, коешто се темели и на оценките на ЕЦБ за работењето на Народната банка и добрите перформанси на банкарскиот сектор, претставува конкретен чекор со многу позитивни ефекти во натамошното интегрирање на нашиот монетарен и финансиски систем во тековите на Европскиот монетарен систем како и големо признание од страна на ЕЦБ  за успешното спроведување на политиките во монетарната и финансиската сфера во нашата земја.

Македонската Банкарска Асоцијација на сите граѓани им го честита Денот на независноста 8-ми Септември.

Можеби ќе ве интересира

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје

По повод 190-годишнината, Групацијата Генерали најавува инвестиции во закрепнување на европските економии

По повод 190-годишнината, Групацијата Генерали најавува инвестиции во закрепнување на европските економии

Осигурителните компании да не делат дивиденда: Препорака од регулаторот АСО

Осигурителните компании да не делат дивиденда: Препорака од регулаторот АСО

ДО 30 СЕПТЕМВРИ НЕМА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИТЕ ВО БАНКИТЕ - НБМ со мерка поради неизвесноста од коронакризата

ДО 30 СЕПТЕМВРИ НЕМА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИТЕ ВО БАНКИТЕ - НБМ со мерка поради неизвесноста од коронакризата

Уставен суд ги разочара штедачите - не го „чепка“ законот со кој Фондот има предност при наплатата од стечајната маса

Уставен суд ги разочара штедачите - не го „чепка“ законот со кој Фондот има предност при наплатата од стечајната маса

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ОСТРО ЗА ТРИФУН КОСТОВСКИ: Ни должи седум милиони евра и не плаќа неколку месеци

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ОСТРО ЗА ТРИФУН КОСТОВСКИ: Ни должи седум милиони евра и не плаќа неколку месеци

Генерали инвестментс: Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат со периодични плаќања

Генерали инвестментс: Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат со периодични плаќања

ЌЕ ИМА ПЕНЗИИ: Од утре почнува етапната исплата

ЌЕ ИМА ПЕНЗИИ: Од утре почнува етапната исплата

МБА ПОВИКУВА: Сите фирми кои се клиенти на банките и штедилниците да се пријават во Регистарот на вистински сопственици

МБА ПОВИКУВА: Сите фирми кои се клиенти на банките и штедилниците да се пријават во Регистарот на вистински сопственици