29 Март, 2024
0.0330

БАНКАРИТЕ ПОРАЧУВААТ - сите што имаат потреба од ново одложување на кредитните рати, да се јават кај својата банка

Објавено во: Финансии 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската банкарска асоцијација ги потсетува граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски да ПРИСТАПАТ ДО СВОЈАТА БАНКА и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата.

„Граѓаните треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата по што барањата ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука за која тие ќе бидат известени“, велат од Македонската банкарска асоцијација.

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

„Секако, граѓаните при  променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци“, појаснуваат од МБА.

Детални информации деловните банки и штедилници веќе објавуваат на своите интернет-страници а се достапни и на интернет-страницата на Македонска банкарска асоцијација www.mba.mk.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап