25 Април, 2024
0.0275

БАЛТИЧКОТО МОРЕ Е ВО ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Моќта на подводните експлозии на гасоводите била неверојатно разорна

Објавено во: Свет 30 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Силата на експлозиите на краците на гасоводот „Северен тек“ е еднаква на експлозија од неколку стотици килограми на ТНТ, се вели во заедничкото писмо објавено од постојаните мисии на Шведска и Данска во ОН.

Писмото го објави министерката за надворешни работи на Шведска, Ен Линде, во пресрет на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, што е закажан за денеска во 21 часот по средноевропско време.

– Вчера Шведска и Данска испратија заедничко писмо до членките на Советот за безбедност на ОН во кое ги презентираа фактите за експлозиите на „Северните текови“ пред денешната седница – напиша Линде на Твитер. Таа нагласи дека е важно „дискусијата да се базира на факти“.

- Експлозиите се регистрирани од сеизмолошките институти и се случија во меѓународни води. Магнитудата (земјотресот) поради експлозиите била 2,3 и 2,1 степени според Рихтеровата скала, што најверојатно одговара на експлозивно оптоварување од неколку стотици килограми - се наведува во писмото.

Како што е наведено, две истекувања на гас се случиле во ексклузивната економска зона на Данска, а уште две – во ексклузивната економска зона на Шведска. Земјите се загрижени дека истекувањето на гас може да има негативно влијание врз Балтичкото Море и климата поради „значајната количина“ на емисиите на стакленички гасови што веќе се регистрирани.

- Сите достапни информации укажуваат дека овие експлозии се резултат на намерни дејствија. Ваквите постапки се недозволиви, ја загрозуваат меѓународната безбедност и ни даваат причина за длабока загриженост – се наведува во соопштението на Шведска и Данска. Се додава дека земјите го истражуваат инцидентот и преземаат „неопходни мерки“.

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен поток 2“ велејќи дека санкциите веќе не се доволни за Англосаксонците, туку тие сега преминале на уништување на европската енергетска инфраструктура.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек