29 Март, 2024
0.1820

Азески: Вакцините на Вучиќ го обединија западнобалканскиот бизнис

Објавено во: Економија, Колумни 05 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Со Србија патиштата ми се вкрстија во јуни 1988 година. Дотогаш низ неа само транзитирав. За да запознаеш една земја, треба да имаш контакт со обичните луѓе. Нормално, првиот обичен српски човек беше мојот возач Душко Јеловац, еден 50-годишен господин, кој ги возел сите претседатели на Младината на Југославија од 60-тите години. Историскиот фудбалски натпревар меѓу „Милан“ и „Црвена ѕвезда“, кој беше прекинат поради магла, беше првата српска лекција за мене. Јас 25-годишно момче, облечено спортски, а тој 50-годишен господин, облечен во одело и вратоврска. Јас скромно му велам: „Дојди и ти во централната ложа“. А тој вика: „Не сум луд, претседателе, при 110 илјади сами жени во Белград да гледам некои како трчаат по топка“. Тоа е обичниот српски граѓанин – остроумен, работлив, досетлив и забавен.

Во Србија тогаш имаше и друга структура. Тоа беше време на рестрикции со струја, па кога ќе одевме по некој повод во Француската амбасада, ќе поминевме и на Калемегдан. На клупите во паркот седеа стари господа, буржуи, противници на тогашниот режим, кои ќе станеа и ќе ме поздравеа: „Господине Азески, струја имаше секогаш, па и за времето на СХС“.

Меѓу тие две крајности, на обичниот човек и на високата интелигенција, ја доживувам Србија сиве овие 33 години. Во тој период ги запознав и обичните луѓе, но и сите српски претседатели. Со претседателот Милошевиќ работевме во иста зграда. На претседателот Коштуница му бев домаќин во „Александар палас“ на неговиот прв работен ден како претседател, на средбата со американскиот летечки дипломат Ричард Холбрук. Претседателот Тадиќ беше трипати гостин во Комората, а претседателот Николиќ по сите средби честеше од својата ракија. И морам да кажам дека сите тие личности беа пријателски расположени кон бизнисот. 

Копретседателите на КИФ – Бранко Азески и Марко Чадеж


Но, претседателот Вучиќ со минатонеделниот потег стави печат на позитивниот однос кон бизнис-заедницата на Западен Балкан и сврти нова страница во нашата соработка. По сето тоа конечно сфативме што ни зборуваат западните сојузници 30 години: „Насочете се кон регионот и развивајте го бизнисот!“ Ние цело време се правиме дека не разбираме англиски, а ги сонувавме Брисел и Вашингтон, прескокнувајќи ги нашите соседи, па бележевме пад во трговската размена, меѓусебен визен режим (Босна и Херцеговина и Косово), кршење на договорот ЦЕФТА (Босна и Херцеговина и Србија) и секојдневни тензии и пречки. Во таква ситуација, потегот на претседателот Вучиќ да им подари 10.000 вакцини на бизнис-заедниците од шесте западнобалкански држави, организирани во Коморскиот инвестициски форум, дојде како вест за конечно разбирање на евроатлантските пораки: „Да, ние конечно разбравме што мислите кога зборувате за регионот и за бизнисот“. Токму затоа, раководството на Србија заслужува посебна почит. Можеби чинот е симболичен, можеби е пресметан, но зошто да не веруваме во тоа дека е искрен и човечен? Токму тука треба да се прекрши балканскиот менталитет и да се ослободиме од постојаните сомнежи и од барањето заднини и непријатели.

Курц до Азески: „Врати се во регионот и терајте бизнис, а не историја“


Нашиот народ добро рекол: „На подарен коњ забите не му се гледаат“, на што Грците веднаш би рекле: „Не верувајте им на Данајците и кога дарови ви носат“. Меѓу тие две изреки треба да се смести балканското минато, а иднината да се гледа во двата волшебни збора: РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА И БИЗНИС. Коморскиот инвестициски форум мора да стане предводник на новите процеси и мора да иницира модерни алатки, кои ќе ја надградат минатонеделната акција, која беше поздравена од сите добронамерни луѓе. 

П.С. Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека на некој начин треба да ѝ се оддолжиме на Србија за ваквиот потег е, исто така, за поздравување, што ја потврдува тезата дека подадената рака во критични моменти побудува позитивни чувства, кои нам ни се прекупотребни, па макар биле и симболични. 

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!