28 Март, 2024
0.0266

АЗЕСКИ НА ЖЕШКА ЛИНИЈА СО КОЛЕГИТЕ ОД РЕГИОНОТ - мора да се отворат транспортните коридори и да стигнат суровините

Објавено во: Економија 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Ова се тешки времиња, во кои не е лесно да се обезбеди достапноста на важни производи, суровини и репроматеријали. Затоа, проодноста на транспортните коридори, брзиот и непречен проток на стоките е еден од врвните приоритети. За да помогне во таа насока, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески е во континуирана комуникација со колегите од сите стопански комори од регионот. Комуникацијата се одвива преку мрежата на Коморскиот инвестициски форум и мрежата на Асоцијацијата на европски комори за комерција и индустрија, соопштија од најголемата бизнис асоцијација во земјава.

„Целта е да се обезбеди  непречено снабдување на македонските компании со суровини и репроматеријали, особено за производите кои се неопходни за задоволување на основните животни потреби на населението и производите кои се поврзани со справување и спречување на ширењето на коронавирусот. Пример е проблемот со снабдувањето со меласа, која е основна суровина за производствените процеси, конкретно, за потребите на Фабриката за квасец и алкохол од Битола. Снабдувањето е попречено поради воведените мерки во Србија и Хрватска за забрана за извоз на определени производи заради обезбедување првенствено на потребите на нивниот домашен пазар. Со цел надминување на овој проблем, претседателот на Стопанската комора на Македонија има интензивна комуникација со стопанските комори од овие земји“, велат од Комората.

Исто така, проблемот со задржувањето на македонските камиони на турските граници и застојот на транспортот во Турција продолжува и понатаму. Решавањето на овој проблем не оди лесно и брзо, но бара упорност. 

„Во тој контекст, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ја продолжи комуникацијата со Рифат Хисарчиклиоглу, претседател на Унијата на турските комори и стоковни берзи. Како резултат на тоа, претставници на  Унијата на турските комори и стоковни берзи се во континуирана комуникација со турското Министерство за трговија, со цел надминување на проблемот“, нагласуваат од комората.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон