24 Април, 2024
0.1412

Азески: Еден вирус, многу прашања, малку одговори - АНАТОМИЈА НА ЕДНА ИЗЈАВА

Објавено во: Економија, Колумни 29 Март, 2021

Добивај вести на Viber

„Можам да Ви гарантирам дека ќе бидеме навистина сервис на компаниите, а убеден сум дека на крајот на мандатот Комората ќе биде институција со 5 ѕвезди“.  Оваа изјава е дадена на 10 март 2005 година на изборното Собрание на Комората и предизвика вистинско вчудоневидување кај присутните бизнисмени. 

1.  Да видиме како Комората работеше од тогаш до денес:

-  Комората денес е најголемиот кадровски расадник во државата: илјадници доктори на наука, магистри, експерти, инжењери работат во нејзините членки;

-  Комората е член на најеминентните коморски здружувања во регионот, Европа и светот;

-  Комората е асоцијација на 104, од вкупно 200-те, најуспешни компании кај нас;

-  Комората организирала 8.000 настани, презентации, семинари, едукации, бизнис-форуми, посета на саеми и презентации на кои учествувале 270.000 претставници на нејзините членки;

-  Комората издала 170.000 документи за потребите на компаниите;

-  Комората решила преку 150 арбитражни спорови;

-  Комората има најдобар сајт во категорија „најдобар бизнис сајт во РСМ за 2020 година“;

-  Комората дневно ја посетуваат, во просек 110 претставници на компаниите,  за разни потреби.

2.  Во првата недела на кризата, во март 2020 година, незаменлива беше улогата на Комората во деблокирање на транспортот наменет за потребите на нашите компании. Но, незменлива беше и улогата на Кризниот штаб кој даде најголема помош на комапниите во првите месеци на кризата. Незаменлива беше и улогата во Економскиот совет за време на „Пржинската влада“ и конципирањето на пакет мерките.

3.  Но она што се случи изминатиов викенд со акцијата на Коморскиот инвестициски форум ќе остави белег во нашето работење, а потврда за тоа се добиените мејлови од нашите членки.



-  Да не беше Стопанската комора требаше да ја измислиме - ФИЛИП МОРИС.

-  Секоја чест за беспрекорната организација - СТОПАНСКА БАНКА; КАМ ДОЕЛ; КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА;  МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ; ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ; ХАЛК БАНКА; ФАРМАХЕМ.

-  Вие сте цареви, го правите невозможното. Може да платиме дупла членарина? - ААГ.

-  Ве бива за сè- СИВУС; БИМИЛК; ЕЛЕКТРОДИСТИБУЦИЈА ДООЕЛ, СКОПЈЕ.

-  Да се заблагодариме што секогаш изнаоѓате решенија и се грижите за бизнис заедницата – ВИЕНЕРБЕРГЕР, ДООЕЛ, ВИНИЦА.


4. Сето ова  е остварено во услови на доброволно членство и коморски плурализам. Затоа е значајно да се одговори на прашањето: Се оствари ли изјавата од март 2005 година? Одговорот е секако не, зашто тогаш на 43 години не бев свесен дека за да направиш институција со 5 ѕвезди треба да имаш и меѓународен поредок, и регион, но и држава со 5 ѕвезди.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи