07 Март, 2021
0.0221

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

АЗЕСКИ: ДАЛИ КОНЕЧНО ПРОФУНКЦИОНИРА ВИСТИНСКИОТ ДИЈАЛОГ ДРЖАВА -ПРИВАТЕН СЕКТОР?

ПОДОБРО КОМОРАТА ДА ЈА ИМАМЕ КАКО ПАРТНЕР НА ВЛАДАТА ВО КОНЦИПИРАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ ОТКОЛКУ КАКО ОПОНЕНТ ВО НИВНАТА ПРИМЕНА – Харалд Вилсон, британски премиер во 60-тите години

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2021

Насловот на денешниот мој став доволно зборува дека на почетокот на оваа година во услови на сè уште здравствено-економска криза упорноста на нашето работење по сè  изгледа почна да ги поместува работите во позитивна насока. За тоа ќе наведам три примери.

1.  Се укинуваат царинските стапки за 71 царинска ознака - Од Владата стигна одлуката за укинување на увозните давачки - царинските стапки за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија, а предлог листите на производи опфатени со одлуката, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите, членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија. Со одлуката, компаниите се ослободуваат од царинските давачки за една година, кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра, со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.

Ова е постигнато на основа на неколкугодишната наша темелна активност и на зачестените средби со Премиерот и со економскиот тим на Владата во последите неколку месеци. Нашата упорност и разбирање на нашите аргументите од страна на Владата, беа пресудни за оваа значајна работа што ќе доведе до подобрување на извозната конкурентност на нашите производи.

2.  Повлекување на Законот за минерални сурови - Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини е повлечен од собраниската седница на барање на Македонската асоцијација на рударствотo при Стопанската комора на Македонија еден ваков комплексен закон да не се носи во скратена постапка и поради неговата комплексност да се отвори широка јавна расправа со вклучување на сите засегнати страни.

Македонската асоцијација на рударствотo при Стопанската комора на Македонија со својата упорност успеа да се избори за темелна расправа по еден суштински и обемен закон кој има вкупно 74 члена.

3.  Донесен е Законот за попис на населението, домаќинствата и становите - Собранието на РСМ го изгласа Законот за попис, со кој од 1 до 21 април годинава, ќе се спроведе најголемата статистичка операција во државата за прибирање податоци за населението, домаќинствата и становите на територијата на нашата земја кои ќе бидат основа за креирање на макроекономски планирања и развојни политики на државата.

Конечно после 20 години и покрај специфичниот момент во кој се наоѓаме самиот чин на осмелување да се затвори ова прашање е голем чин затоа што со тоа се испраќа јасна порака до сите дека конечно, отворените прашања што ја дискредитираат нашата држава, ќе почнат да се симнуваат од дневен ред. 

Пред нас, остануваат уште многу сериозни прашања кои се ставени на дневен ред и по нив се води расправа, а се од суштинско значење за подобрување на бизнис амбиентот. Тоа се прашањата за промена на Царинскиот законик, укинувањето на парафискалните давачки, измена на член 218 од Законот за извршување и донесување на Законот за холдинг. Позитивните примери кои ги наведов даваат надеж дека и тука ќе има позитивна разрешница.

ПС: Изминатава недела двете наши Регионални Комори од Прилеп и Битола одржаа заедничка седница и уште еднаш, како и изминативе 20 години, ја возобновија иницијативата за изградба на автопатското решение на релација Велес-Прилеп-Битола -граница со Република Грција. За нивните аргументи и 20-годишната упорноста на ова барање, јавноста ќе биде известена наредната недела.

Можеби ќе ве интересира

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби

Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Угостителите ги налутија музичарите: Зошто пејачите да не пеат со визири

Угостителите ги налутија музичарите: Зошто пејачите да не пеат со визири

Биткоинот „шпанско“ село за инвеститорите: Не знаат што е „блокчеин“, ниту „копање“ а купуваат криптовалути

Биткоинот „шпанско“ село за инвеститорите: Не знаат што е „блокчеин“, ниту „копање“ а купуваат криптовалути

Турци за 6,5 милиони евра ја купија фабриката за кабли во Неготино од банка и се пред добивање на субвенции

Турци за 6,5 милиони евра ја купија фабриката за кабли во Неготино од банка и се пред добивање на субвенции

Кој во „корона“ со речиси преполовена продажба направи профит од 8,3 милиони евра?

Кој во „корона“ со речиси преполовена продажба направи профит од 8,3 милиони евра?