АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ Е ИСТОРИСКА ВЕСТ: Премиерот Ковачевски го честита признавањето на древната Охридска Архиепископија
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод
автокефалноста на Македонската православна црква.
Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и
Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со
другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на
древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот
идентитет. Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на
историската вест со која Македонската православна црква – Охридска
Архиепископија се стекнува со автокефалност.
Оваа со векови очекувана вест е соопштена денеска на заедничката служба со
Српската православна црква, на која патријархот Порфириј соопшти дека одлуката
МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква ќе биде предложена пред
Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни
цркви.
Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани“, се вели во честитката на премиерот.
Можеби ќе ве интересира
И хирургот Камнар денеска оди на протест: Сите вечерва да кажеме стоп

Заврши комисиската расправа во Собранието, вработените во јавниот сектор не добија зголемување од 2.806 денари

Маричиќ: Една година за внесувањето на трите етнички заедници во Уставот

Данела Арсовска ги повика скопјани да го отфрлат предлогот

Ѓорѓе Иванов го отфрли францускиот прелдог: Не се преговара за правата и достоинството

Поранешна пратеничка на СДСМ најави присуство на денешниот протест пред Влада

Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог

Бујар Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, важно ЕУ тоа не го прифаќа
