Австриската министерка Едстадлер со позитивен впечаток од Париз за Македонија и Албанија
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2020
Новата австриска министерка за Европа, Каролин Едстадлер, вчера ја оствари својата прва инаугуративна посета во Париз два дена откако даде заклетва при формирањето на новата австриска Влада и како што објави „Ди Пресе“ средбата со француската министерка за Европа ,Амели Де Моншалан, завршила со позитивни впечатоци.
Темите главно се одвивале околу проширувањето и финансиско планирање на буџетот на ЕУ. Франција го блокираше почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија наесен. Австрија, од друга страна, работи заедно со мнозинството земји од ЕУ за да ги отвори преговорите со двете земји.
Министерката за Европа, Каролин Едстадлер, на состанокот со француската колешка наишла на широка поддршка за австриските прашања по едночасовните разговори.