АВСТРАЛИЈА ИМА СВОЈ ХЕРОЈ: Не се евакуираше за да спасува животни
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2020
Скоро половина милијарда животни изгореа во пожарите во Австралија.
Патрик Бојл(22) одбил да се евакуира и одлучил да остане за да ги спасува коалите од шумата со еукалиптус.
Тој успеал да спаси најмалку 8 животни.
Некои од животните имаат изгореници, а некои се дехидрирани и во шок.
Чад, пепел, остатоци од животни има во многу австралиски градови.Пожарите во Австралија беснеат неколку месеци. Иако во последните денови падна дожд, тоа не е доволно да се спречи катастрофата. Во пожарите загинаа повеќе од 20 луѓе.