20 Април, 2024
0.0340

Австралија-30 години без рецесија, ќе се спаси ли и сега?

Објавено во: Економија, Свет 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Најдолг период на економски раст се забележува во Австралија. Во последните 30 години нема пад на економијата, односно австралискиот континент е без рецесија. За време на финансиската криза пред 12 години, економијата во земјата беше во дефицит само во последните три месеци од 2008 година.

И според последните економски проценки, наверојатно пандемијата на корона вирусот нема да ја допре премногу австралиската економија, па земјата најверојатно и сега ќе биде одмината од рецесијата, за разлика од останатиот дел од светот, акде бројките се поразителни.

Како што денеска пишува Блумберг, потрошувачката во Австралија бележи пораст во првите четири месеци од 2020 година, пред се поради тоа што населението се обезбедуваше со основни потреби, како што се храна и хигиенски производи, а истовремено извозот за март е во позитива. Од овие причини, како што наведува Блумберг, има раст на австралиската економија и во почетокот на годинава.

Според Шајн Оливер, главен економист на АМП капитал инвеститори од Сиднеј, работите во Австралија се подобруваат.

-Ако погледнеме во економската активност, ниската точка беше април, а потоа работите почнаа да се подобруваат, вели Оливер.

Истовремено, проценките се дека вториот кваратл на 2020 ќе биде потежок пред се поради отпуштањата на работници, но се смета дека парите што ги обезбеди австралиската Влада ќе придонесат со закрепнување на економијата во претпоследниот квартал. 


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ