Авион се урна врз зграда во грчко село
Објавено во: Балкан 03 Август, 2020
Мал авион падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес.
Eдномоторен авион утрово се урна врз зграда во село. Во несреќата нема жртви.
Како што пренесуваат грчките медиуми, повреден е само пилотот на авионот, а причините за несреќата засега се непознати.