Авганистанците нема да одат во карантин, најави Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Август, 2021
За Авганистанците кои ќе пристигнат во Македонија нема да има карантин.
За ова денеска информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Тој најави дека на сите овие луѓе ќе им се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од сите што ќе дојдат, после два или три дена од тестирањето ќе бидат вакцинирани. Тоа ќе се спроведе во местата односно во хотелите каде што ќе бидат сместени.
„Ние не знаеме како е точно таму ситуацијата, па во таа смисла треба да им се пружи лекарска помош ако им е потребна. Ќе стигнат жени и деца, ќе дојдат гинеколошки и педијатриски тимови, како и матични лекари за сите, за да видат дали евентуално е потребна лекарска помош“, изјави Филипче.
Според најавите, Македонија треба да прифати над 450 бегалци од Авганистан.