Добивај вести на Viber
Англо-шведскиот производител на лекови АстраЗенека соопшти денеска дека нивниот третман со моноклонални антитела, AZD7442, не ја исполнува главната цел за спречување на симптоматскиот COVID-19 кај луѓе кои неодамна биле изложени на новиот коронавирус.
Компанијата соопшти дека учесниците во истражувањето биле невакцинирани возрасни постари од 18 години со потврдена изложеност во последните осум дена на лице кое има коронавирус. Било утврдено дека AZD7442 го намалил ризикот од развој на симптоматски КОВИД-19 за 33 отсто во споредба со плацебо, што не е статистички значајно, објави компанијата.
„Иако ова испитување не ја исполни примарната крајна цел, ние сме охрабрени од заштитата што се гледа кај учесниците односно развивањето на потешки симптоми, рече Мене Пангалос, извршен потпретседател на „АстраЗенека“.
Терапијата со моноклонални антитела спаѓа во класа на лекови кои имитираат природни антитела што ги произведува организмот за борба против инфекцијата.
Ривалите Regeneron Pharmaceuticals Inc и Eli Lilly & Co развија терапија со моноклонални антитела кои се овластени за употреба во САД за лекување на пациенти заразени со вирус.
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри терапијата со Регенерон и разгледува слични лекови.