25 Април, 2024
0.1489

АСОМ: И во услови на пандемија, индустријата може непречено да функционира ако се почитуваат протоколите

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека од 13 мај, кога со одлука на Владата, повторно се отворија уплатно-исплатните места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница, индустријата функционира непречено, благодарение на почитувањето на протоколите за работа.

„Ние како Асоцијација повеќе од 4 месеци работиме непречено и досега во сите наши објекти целосно функционираат протоколите за работа,  донесени од страна на Комисијата за заразни болести. Немаме прекин на работата во ниту еден од објектите на нашите членки заради Ковид-19, што покажува дека и во услови на пандемија, индустријата може да работи, ако доследно се почитува пропишаното. Со оглед на најавите за евентуален есенски бран, апелираме до играчите да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколот според кој работат обложувалниците. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет“ – истакнува Васко Илијевски, претседател на АСОМ. 

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија уште еднаш потсетува на протоколот за работа на уплатно-исплатните места пропишани од Комисијата за заразни болести и обврската на играчите, при посета на обложувалница.

Согласно проколот за работа,  во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.

Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.

За потсетување, спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Членките на АСОМ, и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата.  АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.

Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan