24 Април, 2024
0.0268

АСО реши 31 отсто повеќе претставки во корист на осигуреници, изречени парични казни за две осигурителни компании

Објавено во: Економија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот.  Најголем раст има кај бројот на  претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите.  Менаџментот на АСО во континуитет ја зголемува транспарентноста во работењето што резултира со постојан раст на бројот на добиени претставки. Во првите шест месеци бројот на претставки по кои постапува АСО се зголеми за 65% во споредба со истиот период лани

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) доби 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителни компании и брокерски друштва во првите шест месеци годинава.

АСО, врз основа на обработените претставки, утврди пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрече и парични казни. 

Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилска одговорност и од осигурување имот.

Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување.

Во корист на осигуреници се решени 4 претставки за осигуран имот, 2 претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување.

Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки.

Што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. АСО, од оваа класа осигурување, обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај.

Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто.

Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки.

Најголем раст на поплаките има заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само 4 такви претставки.

Бројот на осигуреници- физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106.

Во овој период 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто. 

Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.


Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава