19 Март, 2024
0.0245

Арсовски: Кадровските промени без промени во начинот на функционирање не се доволни

Објавено во: Анализа 28 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Заев направи големи промени во партиското раководство на СДСМ кои според аналитичарите се сериозни и најверојатно нема да останат само „козметички“ туку треба да бидат вовед во нов начин на работење и на функционерите на државни позиции од кои се очекува поголема одговорност и отчетност пред граѓаните. За политичките маневри кои досега ги направи премиерот Заев како и за најавениот реизбор на влада правиме анализа со политикологот Петар Арсовски.

Фактор: Заев направи целосна чистка во партијата каде ќе има реизбор на целокупното раководство. Дали ова е доволна порака и за државните функционери дека ничија фотелја не е безбедна и секој може да биде повикан на одговорност?

Арсовски: Секако е сериозна порака дека Заев има намера да прави покоренити промени.  Сепак, во партија е полесно одошто во влада, каде има и коалициски маневри.  Во секој случај, ова е порака дека сите функционери ќе бидат разгледани и дека нивната работа ќе се мери.


Фактор: Очигледно е дека иако СДСМ победи на претседателските избори не е доволно задоволен од остварениот резултат. Дали оваа операција “Метла” е наменета пред се за зачистување на внатрепартиски проблеми или пак за воспоставување на нов систем на одговорност за дадените ветувања, исполнување на очекувањата на народот и гласачкото тело?

Арсовски: Точно е дека кадровските промени без промени во начинот на функционирање не се доволни.  Оваа операција, доколку е вовед во реформи во начинот на отчетноста и воспоставување нов систем, тогаш ќе има сериозни резултати.  Ако се заврши на само кадровски промени, резултатот ќе биде послаб.  Но, во најмала рака, имајќи предвид дека промените досега се сериозни, Заев обезбеди внимание од гласачите кои сега веруваат дека неговата намера не е само козметичка.

Фактор: Како ќе оди процесот на промени и во ДУИ како коалиционен партнер, со нивните слабости, неисполнети ветувања и нефункционални институции. Ќе може ли Заев да се справи и со отпорот на Ахмети и како треба да се спроведе операцијата Метла на еден системски начин кој ќе донесе подобри државни органи наместо само нова распределба на фотелји меѓу партиите?

Арсовски: Промените во СДСМ, кои се сериозни, ќе направат дополнителен притисок и кон ДУИ, за слични промени во сопствените редови.  На крајот, промените кои се неопходни во ДУИ се интерес и на самата партија, а не само на Заев, такашто за истите треба и Ахмети да покаже дека е сериозен, бидејќи и за ДУИ има незадоволство.  Заев може да влијае евентуално на владините промени (за Дуи), но има реално мало влијание врз партиските промени.  Така, останува да видиме дали и ДУИ самите ќе одлучат да спроведуваат реформи.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ? „Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена“

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ? „Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена“