24 Април, 2024
0.0285

Арсовска и Муцунски претставија проект за ИТ-центар во Општина Аеродром

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска заедно со новоизбраниот градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски го претставија проектот за создавање на Центар за софтверски инженеринг и хаб за иновативни ИТ компании во Аеродром. Арсовска рече дека создавањето на овој центар е приоритетно и затоа средствата што досегашниот градоначалник ги планирал за создавање нови луксузни канцеларии за себе, ќе бидат наменети за реновирање на простории и создавање услови за развој на младите луѓе.

„Од оваа локација ја претставуваме нашата визија за модерно Скопје. Ова е една заедничка заложба на оваа површина да биде идниот центар што ќе има за цел да работи на градење на ИТ потенцијалите, особено на територијата на Општина Аеродром, меѓутоа и центар којшто ќе биде посветен на најбрзо растечката индустрија во градот Скопје, кој ќе овозможи за младите скопјани да имаат дом каде ќе можат да работат на своите проекти. Ова ќе биде значајно за градот Скопје и верувам дека со оние средства кои од градоначалникот во заминување беа планирани за купување на луксузни канцеларии за него, сега во овој случај дел од тие средства ќе бидат наменети за овој ИТ хаб во којшто ќе имаат можности сите млади луѓе да ги реализираат своите потенцијали во делот на софтверски инженеринг, да работат на својата надградба и наобразба. Сето она што сакаат да го направат и кои функционираат во најбрзо растечката индустрија во светот, ќе можат да го реализираат со поддршка на град Скопје. Моја искрена желба е како градоначалник на Скопје, заедно со Муцунски како градоначалник на Аеродром, да овозможиме идеите и визиите кои ги имаат младите луѓе да се реализираат. Ќе бидеме тука за нив и да им ги овозможиме најдобрите услови за тоа", изјави Арсовска.

Со овој проект, како што беше речено, ќе се реновира објектот што е во владение на општината и во него ќе биде сместен ИТ центарот за развој на младите луѓе во сферата на информациските технологии, со што Аеродром ќе стане центар за иновации и за претприемништво во Скопје.

„За сите оние на кои им е потребна институционална и финансиска поддршка за да ги развиваат своите идеи, Аеродром ќе стане центар за иновации и за претприемништво на територијата на Скопје. Ние сме навистина горди што е препознаена специфичноста на нашата општина од гледна точка на демографија и да им ветиме на граѓаните дека откако формално правно ќе ги преземеме обврски, нашиот тим составен од квалитетни луѓе посвето ќе работи на тоа. Влегуваме со многу позитивна енергија и ветуваме дека уште веднаш ќе се почувствуваат промените кои ги најавивме во текот на кампањата и ќе бидеме какви што бевме во кампањата - фокусирани на проектите и на развојот", истакна Муцунски.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо