24 Април, 2024
0.0236

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Арсен Венгер, тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал ја напушта функцијата по крајот на сезоната, објави клубот на својата веб-страница.

„По внимателно разгледување и разговори  со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запамтени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам Арсенал”, нагласува Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

„Професорот“ дојде во Арсенал во 1996 година од јапонскиот Нагоја Грампус 8 и освои 17 трофеи меѓу кои три во Премиер лигата. Во сезоната 2003/2004 година ја предводеше генерацијата „непобедливи“, единствениот англиски тим кој стигнаа до титулата без ниту еден пораз во текот на целата сезона. Таа генерација се уште го држи рекордот за најмногу одиграни натпревари без пораз, дури 49. Во 2006 ја оркестрираше преселбата на Арсенал од „малиот“ Хајбери, изграден пред првата светска војна, на ултра модерниот 390 милиони фунти вреден „Емирати“ во северен Лондон. Следните 9 години „топчиите“ не успееа да усвојат ниту еден трофеј. Освојувањет на ФА купот во 2014-та беше првиот успех по 3.283 денови, триумфот во ФА купот Арсенал го повтори следната 2015, како и минатата година во финалето против Челзи, со што Венгер стана првиот менаџер кој седум пати го освоил англискиот куп. Во кариерата на „професорот“ недостасува само европски трофреј, најблиску беше во 2006-та година во Лигата на шампионите, кога беше поразен во финалето од Барселона со 2-1 и vo 2000-та во финалето на ЕУФА купот, сегашна Европа лига, кое го загуби по изведувањето пенали.

Катастрофалната сезона на Арсенал и Венгер во Премиерлигата, каде моментално се наоѓаат на 6-то место, без шанси за настап во Лигата на шампиони следната сезона. Единствениот билет во најсилното европско натпреварување е преку Европа лигата, каде „Топчиите“ играат против Атлетико Мадрид во полуфиналето.

Томас Тушел, Карло Анчелоти, Луис Енрике, Јоаким Лев, како и поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера, се спомнуваат како можни наследници на Венгер.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган