28 Март, 2024
0.0329

Аргир: Наградата за најдобра банка ја посветувам на Љубе Раевски

Објавено во: Финансии 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Многу гости од јавниот и финансискиот свет во земјава присуствуваа на прославата која НЛБ банка ја организираше по повод престижната награда – најдобра банка во Македонија која годинава повторно и ја додели еден од најугледните финансиски магазини The Banker. Оваа награда НЛБ банка ја добива по десетти пат и тоа е исклучително признание. Директорот Антонио Аргир во своето обраќање рече дека и во следниот период ќе продолжат да работат посветено, а наградата ја посвети на неодaмна починатиот Љубе Раевски, долгогодишен директор во НЛБ Банка.


„Да се биде Банка на годината во Македонија е огромна чест, но да се биде Банка на годината по десетти пат, покрај чест, претставува и голема одговорност која јас и НЛБ тимот сме подготвени да ја оправдаме и во иднина. За нас, ова признание од The Banker претставува голема сатисфакција и потврда за високиот стандард во работењето кој НЛБ Банка го одржува низ годините, рече Аргир.


Официјалното доделување на најдобрите награди во банкарството за 2019 година, инаку се одржа на крајот на ноември во Лондон, а таму присуствуваа банки од 140 земји од светот.

Во годината што помина банката била фокусирана на поставување на високи стандарди во работењето, инвестирање во дигитализацијата, креирање успешна банкарска стратегија. Во следниот период Нова љубљанска банка ќе се фокусира на освојување на косовскиот пазар.


„Оваа награда не е важно признание само за НЛБ Банка АД Скопје туку и за целата НЛБ групација. Ова е уште една потврда за нашата визија, да станеме регионален шампион и да се грижиме за финансиските потреби на нашите клиенти додека во исто време влијаеме врз квалитетот на живот во регионот. Во најголем дел, Југоисточна Европа е наш дом. Ние сме единствена финансиска групација од Западен Балкан која е присутна во Словенија и на сите пазари во поранешна Југославија во Западен Балкан. Го говориме јазикот, ги разбираме локалните специфики и менталитет и делиме заедничко минато. Уште поважно е дека, ние сме единствените кои имаат регистрирана централа тука и единствени со ексклузивно стратешко внимание во регионот. Главата и срцето на НЛБ групацијата се тука поради што ние сакаме и ќе направиме сè во наша моќ за да видиме како овој регион расте, рече Блаж Бродњак, Претседател на НЛБ дд и Прв човек на НЛБ Групацијата . Бродњак.

Изборот за најдобра банка магазинот The Banker го прави врз основа на повеќе параметри и критериуми, и тоа: постигнати финансиски резултати, способност за генерирање профит, развој на нови производи, услуги и технологии, опслужување на клиенти и стратешка предност во однос на конкуренција.


НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година и добивка од 23,7 милиони евра за првите девет месеци од 2019 година.

The Banker е британски магазин во сопственост на The Financial Times Ltd. Главниот фокус на The Banker се теми поврзани со глобалниот финансиски пејзаж, во кој се содржани мислења, профили и интервјуа со водечки банкарски и финансиски фигури.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“