16 Април, 2024
0.5947

Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Апликацијата МојДДВ со која се врши скенирање на фискални сметки за поврат на ДДВ кај физичките лица, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.

AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

Оттаму е нормално што во понудата на AppGallery се најде и апликацијата МојДДВ која во нашата земја веројатно е една од најкористените. Според последните податоци од Управата за јавни приходи,во последното тромесечје, кое заврши на 30 јуни, регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата, а скенирани севкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5,44 милиони евра. На крајот на март, апликацијата имаше 262.030 корисници.

Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei – AppGallery, сите апликациикои се поделени во 18 категории, вклучувајќи финансиски, трговски апликации, апликации за патувања и друго, се развиваат со највисоко ниво на безбедност. Галеријата гарантира безбедност на апликацијата преку механизми за верификација и заштита на четири нивоа.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei - AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации. AppGallery обезбедува целосна безбедност и заштита, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурното функционирање на апликацијата. AppGallery нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.


Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред