19 Април, 2024
0.1870

АПЕТИТИТЕ РАСТАТ: Нетанјаху ветува анектирање на повеќе територии

Објавено во: Свет 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху за Радиото на израелската армија денеска изјави дека планира да ги анектира „сите населби“ на Западниот Брег доколку победи на изборите. 

На прашањето дали тоа ја вклучува енклавата на неколку стотици доселеници што живеат во немирниот Хеброн, тој рече: „Секако“.

Тој  вети дека ќе ја анектира Јорданската долина, област што се смета за житница на Палестинците. Критичарите велат дека неговите ветувања ќе ја елиминираат и последната трошка палестинска надеж за формирање посебна држава.

Претходно на ваквите идеи се спротивставија повеќе држави. 

Турција истакна дека никако не може да се прифати изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху околу тоа дека ќе ја анектира Јорданската долина која се наоѓа на Западниот Брег.

Во соопштението на турското Министерство за навдорешни работи воедно се додава дека Турција ќе продолжи да стои покрај братскиот палестински народ и со сета сила да ја поддржува праведната борба за независност на државата Палестина.

Франција, Германија, Италија, Британија и Шпанија изразија голема загриженост од ветувањето на израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху во врска со израелската анексија на долината Јордан во окупираниот Западен брег.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција