20 Април, 2024
0.0266

Апасиев се „здружи“ со ВМРО-НП, Демократски сојуз и ЛДП

Објавено во: Македонија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП во Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Иницијативата наедно има и поддршка од СДСМ, иако сепак од таму велат дека ќе инсистираат на консензус при донесувањето на овој Закон, односно тоа да биде прифатливо и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Меѓу четирите пратеници како претставници на овие партии беше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Медиумите му забележаа дека останатите три партии се дел од коалицијата на владеачкото мнозинство, но тој вели дека во ваква ситуација ќе се здружи со кој било кој го има истиот интерес.

- Левица е партија која безмалку имаше 40.000 гласови на минатите избори и сигурно останавме за тројца пратеници помалку поради тоа што нема една изборна единица. Во оваа ситуација за мене е прифатливо заеднички да настапувам со партии и од власта и од опозицијата, рече Апасиев.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица како предизборно ветување.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Тој додаде дека има некакви сигнали дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би разговарала за ова прашање, бидејќи поголемите партии можеби ќе изгубат малку, но државата ќе добие многу.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите