АПАСИЕВ - КАКВА Е ТАА НАТО АРМИЈА КОЈА ЧЕКА ДА СЕ РАЗДЕНИ ЗА ДА ДЕЈСТВУВА, Шекеринска - Словенија ќе ни помогне со сите свои капацитети
Објавено во: Македонија 03 Август, 2021
Лидерот на Левица Димитар Апасиев прашува каква е таа НАТО Армија, кога треба да чека да се раздени за да дејствува на терен.
„Каква е таа НАТО армија на која и е потребно да се раздени за да дејствува на терен!?“, напиша Апасиев на својот фејсбук прфофил.
Министерката за одбрана, пак, Радмила Шекеринска утрово објави дека Словенија, една од државите членки на НАТО, ќе ги стави на располагањње своите капацитети за гаснење на пожарите кај нас.
Ова следува по разговорот со нејзиниот словенечки колега.
„Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин - Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас. Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј!“, напиша Шекеринска на својот официјален профил.
Стигна и соопштение од МО.
„Во разговорот, министерката Шекеринска информираше за вклученоста на Армијата и поддршката која армиските сили ја даваат на државните институции во справување со огнените стихии и изрази благодарност за подготвеноста на нашиот НАТО сојузник, Словенија, да помогне во справувањето со оваа елементарна непогода.
Министерот Тонин изрази жалење за состојбата и додаде дека во неволја се познаваат вистинските пријатели.
„Можете да сметате на нас“, порача министерот Тонин“, соопштија од Министерството за одбрана.