Антонио Милошоски не сака тимот на СЈО да биде „вдомен“ кај Русковска
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2020
Во новиот закон за ЈО има обид тимот на СЈО да биде „вдомен“ во тимот на Вилма Русковска.
Ова го тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Правниот тим на неговата партија во следните денови ќе го анализира новиот предлог Законот за јавно обвинителство. Потоа, следната недела треба да биде договорен термин за средба со претставниците на владиниот.
Пратеникот вели дека не може ниеден обвинител без разлика каде бил ангажиран да добие повеќе од 35 отсто надомест од неговата основна плата, а видовме дека сите обвинители кои работеле во СЈО добивале по астрономски суми.
Екс шефицата на СЈО, Катица Јанева сега е во домашен притвор за случајот „Рекет“, Обвинителите беа на тапет, затоа што земале многу високи бонуси. Одредени политичари обвинија дека СЈО отворало истраги наменски, со цел да уценува.