25 Април, 2024
0.0282

Антикорупциска комисија ќе ја испитува државната помош за ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Антикорупциската комисија ќе го испитува случајот со доделената државна помош за ТЕ-ТО, потврдија од комисијата за Фактор. Велат дека нема да го отвораат предметот сами, туку по доставени документи од акционери од Топлификација со кои веќе разговарале.

Владата одлучи да му даде на ТЕ-ТО државна помош во форма на одложување на даночниот долг кон Управата за јавни приходи во време кога за таа компанија се води истрага во Основното јавно обвинителство против директорот, нотар и стечаен судија за злоупотреба на службена положба и за лажен стечај.

Во јуни годинава пријавите до Обвинителството ги достави Управата за финансиска полиција, а освен за злоупотреба на службената положба и за лажен стечај беа поднесени пријави и за перење пари. Од Обвинителството за Фактор вчера потврдија дека пријавите за перењето пари се отфрлени. Така по предметот нема да постапува Обвинителството за организиран криминал.

„По пат на меѓународна правна помош се доставени побараните информации и истите беа предмет на анализа при што надлежниот обвинител утврди дека нема елементи за сторено кривично дело -перење пари за кое е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Предметот во останатиот дел од кривичната пријава каде три лица се осомничени дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, а едно од нив, како и  правното лице се пријавени и за кривично дело – Лажен стечај од член 254 од Кривичниот законик е доставен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, стои во одговорот од Обвинителството.

Ниту од Управата за јавни приходи, ниту од Владата и покрај нашето барање не го даваат на увид на јавноста договорот за доделување државна помош.

За случајот реакција имаа и акционерите на Топлификација кои, дека се оштетени со стечајот потврди и Финансиската полиција со пријавите во јуни. Тие доставија писмо до републичкиот јавен обвинител и до Владата со кои прашуваат како може истрагата да тапка во место, но и кој се е вмешан во случајот.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди