10 Јули, 2020
0.0296

Антикорупциска ќе ги истражува надоместоците на СЈО

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2019

Антикорупциската комисија отвора предмет за бонусите и додатоците за доверливост  кои ги земале обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. ДКСК ќе ги отвори сите анкетни листови за имотната состојба на  поранешните специјални јавни обвинители и промените што ги пријавувале во последниве години. 

Ова го потврди претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, која наведе дека ваквите надоместоци треба да бидат уредно пријавени во нивните анкетни листови, објави А1он.

„Во анкетните листови за имотната состојба постои графа за ‘други приливи’. Тука се пријавува доколку да речеме некој функционер зема хонорари надвор од платата, доколку изнајмува стан и зема кирија и слично. На овој начин обвинителите од СЈО требало да ги пријават надоместоците што ги земале надвор од платата. Патем, тоа е суштината и на анкетните листови, транспарентно прикажување на имотната состојба на сите избрани и именувани лица“, вели Ивановска.

Според она што може да се увиди, никој не пријавил дека земал надоместоци од речиси 20 илјади евра годишно, надвор од редовната плата која во слујаов излегува дека е помала од самите бонуси.


Можеби ќе ве интересира

Богојески: Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите

Богојески: Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите

Силјановска Давкова: Ни економија, ни образование нема ако нема костур наречен владеење на правото

Силјановска Давкова: Ни економија, ни образование нема ако нема костур наречен владеење на правото

Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор, најави Заев

Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор, најави Заев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaмпањата влегува во финишот, денес имаме 168 нови заболени од Ковид -19

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaмпањата влегува во финишот, денес имаме 168 нови заболени од Ковид -19

ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Белгија воведе забрана затоа што кај нас бројот на заболени расте

ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Белгија воведе забрана затоа што кај нас бројот на заболени расте

Колку од лицата кои се во изолација ќе гласаат?

Колку од лицата кои се во изолација ќе гласаат?

ЕДНИОТ БИЛ ЗАРАЗЕН: Двајца турски државјани со чаршаф избегале од хотел државен карантин

ЕДНИОТ БИЛ ЗАРАЗЕН: Двајца турски државјани со чаршаф избегале од хотел државен карантин

Со секира ја нападнал сопругата, а потоа е најден мртов на нива

Со секира ја нападнал сопругата, а потоа е најден мртов на нива

БИЛАНС ЗА 24 ЧАСА: Tри починати и повеќе заразени од вчера

БИЛАНС ЗА 24 ЧАСА: Tри починати и повеќе заразени од вчера