Анксиозна и со висок притисок: Јанева на преглед, обвинението ја чека
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019
Катица Јанева специјалната јавна обвинителка ќе оди на преглед во болницата „Жан Митрев“ затоа што е во лоша здравствена состојба. Одобрението да се прегледа веќе е дадено, а Јанева, според информациите има проблеми со крвниот притисок. Нејзината одбрана тврди дека Јанева е анксиозна, и во многу лоша општа состојба.
Вчера обвинителката Вилма Русковска изјави дека едно од лицата првично обвинети за Рекет барало спогодба, а се тврдеше дека тоа е Јанева, нејзината адвокатка Ирена Фркоска вели дека барање не било поднесено. Тоа го тврдеше и Русковска која рече дека официјалното барање не е доставено но дека имало барање за спогодба.
Ова е прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта. Таа претходно од таму добиваше третман и терапија за нејзината состојба.